Тарабокија ќе паузира повеќе од еден месец

Металург ќе мора да ја доигра сезоната без помош од централниот бек Марко Тарабокија. Тој со рехабилитација почнува следниот месец



Марко Тарабокија го дислоцираше лактот на натпреварот со Е. Пелистер 2 и веројатно нема да може да му помогне на Металург сезонава. 
Следните три недели раката ќе му биде имобилизирана, а веројатно ќе помине еден месец пред да почне со рехабилитација. Ова се првичните прогнози што сигурно ќе останат на сила, но повеќе детали ќе има во петок откако одново ќе биде снимен со магнет. 

Металург во следното коло оди на тешко гостување кај Охрид, но амбиентот е далеку подобар по првата победа и покрај хендикепот со повредата на Тарабокија. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk