Екс тренер на Вардар ќе ја води Србија

Беше познато дена Љубомир Обрадовиќ нема да остане селектор на Србија по неуспхот во квалификациите за ОИ. Но, таа смена ќе се одрази и на репрезентацијата на Словенија. 



Словенецот Урош Брегар беше асистент во ЖРК Вардар на почетоците на славата, а во 2015 година ја презема репрезентацијата на Словенија со која обезбеди пласман на сите ЕП и СП досега, иако на тие натпреварувања и немаше некој особен успех, односно 13 место му е најдобриот пласман. 

На две недели до баражот за ново СП, на кое Словенија ќе игра со Исланд, Брегар заминува од кормилото на Словенија. Тој ќе биде новиот селектор на Србија. 
Србија, пак, го менува Љубомир Обрадовиќ и за баражот со Словачка на клупата ќе го има Урош Брегар. 
Необичен е овој потег, затоа што Словенија лесно ќе се пласира на СП, а следното ЕП за нешто помалку од година и пол, ќе го игра на домашен терен

Словенија се чини нема долго да жали за Брегар, затоа што гласно се зборува дека на нивната клупа ќе седна друг многу попознат и поуспешен ракометен тренер - Драган Аџиќ кој има освоено над 30 пехари вклучувајќи и два од Лигата на шампионите, еден од КПК, еден златен медал од ЕП и сребро од Олимписки игри. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk