ГЛЕДАЈТЕ СУПЕР ЛИГА: Денеска се игра дерби за титула

Денеска е убав ден за македонскиот ракомет, по пауза од најмалку пет години ќе гледаме дерби меч што решава за шампионска титула. 



Третото коло од супелигашкиот Плеј оф ќе биде одбележано со дуелот меѓу Вардар и Е. Пелистер што ќе може и директно да се гледа на ТВ. Патем, РФМ обезбедува и линкови од сите натпревари што се играат денеска. 

Вардар и Е. Пелистер вечерва ќе ни го покажат највисокото ниво на македонскиот ракомет во моментов. На хартија останаа два кандидата за титула. Е. Пелистер во Скопје е дојден со две победи од подготвителниот период над Вардар, но во Скопје годинава падна и Флензбург, па битолчани нема да дојдат до улога на фаворит. Но, ќе имаат улога на тим што може со право да се надева на добар резултат. Победа е резултатот по кој се дојдени битолчани, но во поглемата слика, голема е веројатноста на крајот за шампионската титула да решава меѓусебниот скор, па овој меч можеме да го гледаме и како нокаут фаза во која можеби на крајот ќе се гледа кој со колку гола победил дома, кој дал повеќе голови на гости...

Третото коло почна вчера со победа на Бутел над Струга, а продолжува во „Автокоманда“ каде што ќе може да се гледа дебито на Иван Марковски на клупата на Металург, на дуел со Е. Пелистер 2. Практично денеска Битола ги предизвикува двата најдобри скопски клуба. Вториот тим во Автокоманда, првиот во „Јане Сандански“. 

Интересен момент е што, двата скопски клуба, на клупата имаат битолчани, иако, за волја на вистинската Алушовски е роден во Австралија.

Денеска во Скопје ќе биде на хартија и четвртиот најсилен тим. Охрид ќе игра во населбата Пролет против екипата на Тинекс Пролет 61. И ова е меч на кој може се да се случи во поглед на резултатот. Севкупно три убави дерби средби во Скопје, штета е што овој убав ракометен ден трите сали ќе бидат затворени за гледачи. 



СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ

27.03.2021 - САБОТА
(15:00 часот) РК МЕТАЛУРГ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
https://www.youtube.com/watch?v=xP2QS-w9iXE
(16:30 часот) РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ОХРИД
https://www.youtube.com/watch?v=U3hwa929stU
(17:00 часот) РК ВАРДАР 1961 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – пренос во живо на МРТ
https://www.youtube.com/watch?v=zlmekG9qrCk
СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ АУТ
27.03.2021 - САБОТА
(17:00 часот) ГОЛДЕН АРТ КЛ 7 – РК МЛАДОСТ 1977
https://www.youtube.com/watch?v=6LuyIc5K_3U
(17:00 часот) РК РАДОВИШ – ГРК ТИКВЕШ 2014
https://www.youtube.com/watch?v=1bU76kbC3xc
(17:00 часот) РК ПРИЛЕП – РК ЈУНИОР К.В
https://www.youtube.com/watch?v=1nJqKI091ck
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk