Радичевиќ: Неагу ме молеше да промашам

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, откри интересни детали од натпреварот со Романија. 



„Кога губевме три разлика, Неагу ми викаше, Јока те молам промаши.. Дајте да дадеме уште два гола. И реков не е кај мене топката, а и да е...“, ја пренесуваат повеќе ракометни медиуми од Европа изјавата на црногорската репрезентативка, некогашна членка на Вардар, а до неодамна и соиграч на Неагу во ЧСМ. 

Вакво нешто не е невообичаено, иако и не е практика. Сепак, кога се работи за светски познати играчи, размерот е поинаков. А, колку ќе и се допадне и како на ова ќе реагира четирикратниот најдобар играч според ИХФ, ќе чуеме деновиве. 

Подвлечено, Црна Гора загуби од Романија 25-28, но со победа од три гола Романија не се пласираше на ОИ Токио, туку за Јапонија ќе патува Норвешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk