Прием за Начевски и Николов во АМС

Најдобрата македонска судиска двојка, денеска беше гостин во Агенцијата за млади и спорт




Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за ракометната судиска двојка Начевски- Николов, кои со долгогодишното меѓунаредно учество на сите светски, континентални и олимписки ракометни спектакли даваат свој придонес во ракометниот спорт.

Пет јуниорски и шест светски сениорски првенства, три фајнел-фор завршници, куп на купови, ЕХФ купови и настап на две олимпијади ги става Начевски и Николов во врвот на ракометниот судиски двојки кои  ја бранат честа на македонскиот ракомет..

По тој повод директорот Наумче Мојсовски им додели благодарници за целокупниот досегашен ангажман, заблагодарувајќи им се за промоција на нашата земја во ракометниот свет.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk