Македонија доби силен противник за бараж

Денеска со ждрепка беа одредени 10-те бараж дуели за пласман на СП Шпанија 2021. Македонија го доби својот бараж противник.



Македонија за противник ја доби репрезентацијата на Романија. Секако дека не ги посакувавме Кристина Неагу и друштво за противници, но на мака се познаваат јунаци, а Романија покажа дека е ранлива и нестабилна и покрај познатите имиња

БАРАЖ ПАРОВИ
Турција - Русија
Чешка - Швајцарија
Словенија - Исланд
Словачка - Србија
Украина - Шведска
Австрија - Полска
Унгарија - Италија
Романија - Македонија
Португалија - Германија
Ц. Гора - Белорусија

Поради Ковид и Олимписките игри, сите ракометни настани се поместени и се играат во невообичаени термини. 
Баражот за СП, така, ќе се игра на 16/17 април првиот меч, а реванш натпреварите се на 20/21 април. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk