Хрватска ќе натурализира - Хрват

Голманот Кристијан Пилиповиќ (26), поранешен репрезентативец на Австрија, наскоро би можел да застане на голот на репрезентацијата на Хрватска. 



Полека истекуваат трите години пауза за Кристијан Пилиповиќ, три години пауза што играч треба да ги има во репрезентативното резиме за да може да смени национален тим.
Некогашниот голман на Австрија, каде од 2015 година до моментот кога реши дека веќе нема да брани за нив направи 32 настапи, наскоро би можел да застане на голот на својата матична земја - Хрватска. 

Пилиповиќ е роден Хрват, но има и австриски пасош, а неговата кариера со исклучок на една сезона во дресот на Нексе е комплетно поврзана со австриски клубови. Беше член на Фајверс, цели пет години, а сега брани за Шафхаузен. 
Пред ЕП 2020 реши да се повлече од австриската репрезентација, а „Спортске новости“ велат дека тој би можел биде конкуренцијата за Иван Пешиќ и Марин Шего. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk