Ивано Балиќ во стручниот тим на Хрватска

Легендарниот хрватски ракометар се враќа во репрезентацијата во нова улога. 



По неуспехот во квалификациите за ОИ на кои за волја на вистината Хрватска не беше на потребното ниво, нивниот нов изборник се реши помош да побара не за теренот, туку за клупата. 

Ивано Балиќ легендарниот хрватски ракометар ќе биде нов член на репрезентацијата. Тој беше еден од кандидатите за селектор, предложени од Лино Червар, но ја немаше потребната лиценца. 

Балиќ ќе му асистира на Хрвоје Хорват, но од наш агол гледано, во перспектива веројатно тој ќе биде и новиот хрватски селектор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk