ЛИНК: Ждрепка за бараж за Македонија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае бараж противникот за пласман на СП 2021. Македонија успешно мина една квалификациска фаза, во која сепак, од улога на фаворит во групата со Исланд, Грција и Литванија го освои првото место. 


ЖДРЕПКА ЗА БАРАЖ ЗА СП - ЛИНК



Сега е на ред втората и последна фаза од квалификациите - бараж дуелите. Во квалификациите за СП некако прежива квалификацискиот систем, а се работи за крајно нефер систем што не само на послабите екипи туку и на поамбициозните не им нуди речиси никакви шанси за пласман на големо натпреварување. 

Десет тима што играа на последното ЕП, ќе играат против 10 тима што играа квалификации. Дали некој од квалификантите ќе има среќа, ќе видиме денеска од 15:00 часот. Со сигурност знаеме дека барем четири тима ќе го проколнуваат ваквиот квалификациски систем затоа што можни противници им се Русија, Ц. Гора, Шведска,, Германија.. учесници на претстојните ОИ. 

Екипите се поделени во два шешира. 

1. Шешир: Германија, Русија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Романија, Србија, Полска, Словенија, Чешка
2, Шешир: Македонија, Исланд, Украина, Словачка, Португалија, Турција, Австрија, Италија, Швајцарија и Белорусија

Тимот што ќе биде прв извлечен, првиот меч ќе го игра на домашен терен. 

Единствениот противник што го гледаме како тим против кого имаме (по)реални шанси е репрезентацијата на Чешка, евентуално Полска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk