Вардар виде мака, но победи во Охрид

ОХРИД - ВАРДАР   19-23 (10-11)
Тот 7, Манасков 3 - Георгиевски 8, Шеваљевиќ 4



Вардар запиша втора првенствена победа, обезбедена на прилично лизгав терен во Охрид. Видоа доста мака ракометарите на некогашниот еворопски шампион, но ги освоија бодовите, а тоа е најважното во пресрет на дуелот со Пелистер. Домашниот состав пружи силен отпор, постојано резултатски беше блиску, но во вториот дел по 15-17, скопскиот тим со 3-1 стигна до 20-16, а четири гола предност беа преголема дистанца за охриѓани и на крајот бодовите отпатуваа за Скопје. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk