40-ка на Голден Арт КЛ7 во Струмица, Кондев за победа на Тиквеш

АСТРАИОН - ГОЛДЕН АРТ КЛ7  30-40 (15-20)
Јанковски 9, Наков 7 - Темелковски 7, Каковски 7

МЛАДОСТ - ТИКВЕШ  21-22 (8-6)
Караиванов 6, Динов 5 - Кондев 5, Лазов 4



Голден Арт КЛ7 запиша нова првенствена победа, вечерва во Струмица убедливо со 10 гола разлика го совлада тимот на Астраион. 
Дури 70 гола беа постигнати на оваа средба од кои 40 завршија во мрежата на домашниот тим. Резултатски неизвесна беше оваа средба само во првата четвртина, а потоа скопскиот тим ја презема контролата и доминираше до крајот на мечот. 

Сосема поинаков натпревар, пак, се играше во Богданци каде едвај беа постигнати 43 гола. Младост водеше од првата до 60 минута, но на крајот бодовите за Кавадарци ги однесе Дарко Кондев. 
Спринтот од контра на пролетното засилување од Металург му го донесе првото водство на Тиквеш, а воедно и тоа беше конечен резултат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk