Т. Пролет вози според планот

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - Т. ПРОЛЕТ  21-23 (10-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)
Црвени картони: Петровиќ и Дрогришки (Еурофарм Пелистер 2)
 Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Арсеновски 1, Петровиќ 4, И. Димитровски 1, С. Талевски 5, Дрогришки 2, В. Димитровски 1, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ 6, Митревски, Белистојановски, Јовановски, Блажевски, Стоилевски 1, Петковски
Седмерци: 2/0 Исклучувања: 16 минути
Т. Пролет: Ангелов 1, Цветковски, Кристо, А. Василевски, Аларов 3, Давитковски, Пецаковски, Димов 3, Андоновски 2, Џонов 1, Мајнов, Дамчевски, Ф. Василевски 1, Потиќ, Палевски 8, Пејовиќ 4
Седмерци: 3/2 Исклучувања: 12  минути



Тинекс Пролет ја забележа втората победа во суперлигашкиот плеј оф. По триумфот над Металург на домашен терен, вечерва славеше во Битола, над вториот тим на Е. Пелистер (23-21) и го расчисти теренот пред дуелот со Охрид од третото коло. 
Битолчани, пак, вечерва воопшто не одиграа лош натпревар. Беа борбени и на нивото на задачата и постојано беа резултатиски блиску. Во најголем дел од натпреварот беше резултатски блиску екипите, во првиот дел (3-5, 5-5, 8-8, 9-12), а во второто полувреме беше 14-15, 16-17, 19-19. 
Решавачки период беа двата гола по ред на гостите со кои поведоа со 21-19, а потоа до крајот на натпреварот ја задржаа таа разлика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk