Ивица Обрван, поранешниот селектор на Македонија, сега кормилар на БиХ, на ракометните терени по подолга пауза се врати со стил.
БиХ ја совлада Австрија со 27-21 (11-10) и направи голем чекор кон ЕП 2022. Особено по нивниот пораз од Естонија, беше важно денеска да слават победа и да останат во игра барем како третопласирани во случај на пораз на гости од Австрија и дома од Германија.
Ако се случи тоа реално сценарио, БиХ ќе има два бода и изгледни шанси да се пласира, со оглед на ситуацијата во другите групи.
За Македонија повеќе би одговарало БиХ да го освои второто место, а за тоа ќе им биде потребен бод од гостувањето кај Австрија.