Го повикаа за репрезентација и се повреди

Пикерот на Алборг, Рене Антонсен доби неочекувана шанса да игра за репрезентацијата и шансата веднаш му избега.



Селекторот на Данска, Николај Јакобсен беше принуден да го повика Рене Антонсен од Алборг за дуелите со Македонија затоа што Сагуструп е Ковид позитивен, а Закаријасен е повреден. 
Но, истиот ден кога Антонсен го доби повикот - се повреди. На мечот со Архус заработи фрактура на прстот, ќе мора на операција и ќе го нема на терен најмалку месец и пол.
Нема да може да игра против Македонија, тоа е сигурно, а Николај Јакобсен не се откажува од идејата да има три пивоти во тимот и неговото место сега ќе го заземе Александер Лунгард од екипата на Бјерингбро Силкеборг. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk