Се загреваа и се спакуваа за дома

По повеќе од два часа чекање, дуелот од ЛШ меѓу Веспрем и Нант е официјално откажан. 



Среќа за ЕХФ што овој дуел не решава ништо на табелата, ќе беше навистина интересно да видиме како ќе се снајдеше обратна ситуација. Кога вината за откажаниот меч не е во ниту еден тим, туку во судиите. 
Хрватската двојка Јуриновиќ и Мрвица требаше да дели правда на дуелот во Веспрем, но еден од нив е Ковид позитивен, па средбата во прв момент беше стопирана.
Играчите се загреваа, стигна нов термин, 20:45, но и тој е откажан. 

Веспрем ќе заврши на второто место на табелата, Нант ќе заврши на шестото, со или без бодови од овој дуел, така што нема да има многу врева кога ЕХФ ќе донесе одлука, веруваме за нерешен резултат. 

Двајцата наши репрезентативци Кирил Лазаров и Дејан Манасков, ако ништо друго имаа можност да се видат и да се договорат за претстојниот собир на репрезентацијата, закажан по три дена. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk