Мвумби пред преселба во Асобал

Атракцијата од Конго, Готје Емвумби (Мвумби) во интервју за Л'Екип откри повеќе детали околу тоа како го засмислува продолжението од кариерата и со кои екипи има(л) контакт. 



Големите риби не го загризаа маркетиншкиот мамец наречен Горје Емвумби и не испратија понуди до џиновскиот пикер од Конго, но сепак има познато име меѓу кандидатите за негов трансфер. 

Шпанската екипа Кангас (Club Balonmano Cangas), е во моментов најсериозниот кандидат од следната сезона да го има во својот ростер 135 килограми тешкиот пивот (тежина според официјалната статитстика). Ракометниот Шек стана мега популарен на социјалните мрежи па дури го привлече вниманието и на вистинскиот Шекил О'Нил. 

Покрај Кангас, заинтересираност за Емвумби имало и од второлигашка екипа од Германија, но и од Њујорк и Детроит, потврди Конгоанецот. 

Готје Емвумби стана познат како репрезентативец на Конго, но всушност се работи за Французин со конгоанско потекло. Роден е во Франција, растел во париското предградие Кретеј и во младинска категорија играл заедно со сегашните репрезентативци Недим Ремили и Хуго Дескат. Во моментов е член на екипата Дру, тим што се натпреварува во француската Н2 лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk