Абало не може да влезе во Норвешка од јануари

Доаѓањето на Лик Абало беше голема работа за Елверум и за норвешкиот клупски ракомет. Но, големата француска ѕвезда нема по добро да ја памети Норвешка. 



Лик Абало не може да влезе во Норвешка уште од јануари! Бил вратен од аеродромот по враќањето од СП Египет и оттогаш не може да отиде во својот стан во Елверум каде му се сите работи. 
Норвешкото министерство за правда за овој случај рекла дека нема време да се занимава со индивидуални случаи и дека законот важи за сите. Абало не е регистриран во Норвешка (неговиот договор беше за шест месеци, за да не биде регистриран и да се избегне данок), па затоа не може ни да влезе во дражава во која има посебни ковид мерки, иако живее и работи во Елверум. 

Елверум утре игра во Португалија и потоа се враќа назад, но Абало нема да може со нив. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk