Веспрем (ќе) го ослободи Тонесен

Кент Робин Тонесен, норвешкиот десен бек нема да ја одработи последната (+1) година од договорот со Веспрем. Од јуни е слободен играч. 



Кент Робин Тонесен ја игра последната сезона во дресот на Веспрем. Унгарците денеска информраа дека нема да му ја продолжат соработката за таа +1 година за која се договорија откако минатата сезона сериозно се повреди. 
Нивниот интерен договор беше до 31 март да се раскине договорот или да се активира и последната сезона. Но, Веспрем изјави дека ќе го редуцира бројот на играчи за да го амортизира ковид финансискио удар, а и веќе ги има Македа и Јахија како десни бекови, па трет врвен (скап) играч на таа позиција не им е неопходен. 

И паралелно со информацијата дека Тонесен оди од Веспрем, нивниот најголем домашен ривал, ПИК Сегед, објави дека тој е нивни играч од следната сезона!

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk