TОП ТРАНСФЕРИ: Веспрем загриза за Вајлупов

Трансфер периодот во тековната сезона е завршен за најголемиот дел од државите, а следното на дневен ред е продолжување на договорите со своите играчи, составување на тим за следната сезона, а сето тоа покриено со плашт на шпекулации. За вас одвоивме неколку трансфери што треба да се знаат. 



Поголемите риби ги јадат помалите, а големата риба во случајов е Веспрем, малата Мешков Брест. Мамецот е Микита Вајлупов (25).
Десното крило на белорускиот тим е на списокот на желби на Веспрем. Вајлупов веќе трета сезона се покажува како исклучително корисен и способен играч, најдобар стрелец во тимот со потенцијал за стане уште подобар. Веспрем веќе ги има Шишкарев и Маргуч на таа позиција. 
Информацијата не е официјално потврдена. 

Плановите на Алборг за скандинавски дрим тим ќе мораат делумно да се менуваат затоа што од Шпанија доаѓа информација дека Арон Палмарсон се договорил за продолжување на договорот со Барса. 
Неговиот актуелен договор до кој ако паметите се дојде по една долга војна со Веспрем и месеци неиграње, истекува во јуни. Се што сега се чека е потпис на новиот претседател на Барса, клуб во кој има доста превирања. 
Информацијата не е официјално потврдена. 

Кил информираше дека потпишале нов договор со десниот бек од Норвешка Харалд Рајнкинд (28). Со потписот на свежиот документ, Рајнкинд кој во Кил дојде во 2018 година од РНЛ, останува нивни играч до 2024 година. 

Рунар Карасон (32), играчот што беше репрезентативец на Исланд и со кого имавме доста проблеми на мундијалот во Франција направи уште еден чекор кон залезот на кариерата. Откако ја заврши десетгодишната кариера во Германија каде играше за Берлин, Гергишер, Грошвалтат, Рајн Некар и Хановер, замина во Есбјерг во Данска, а откако во јуни ќе комплетира три години, се враќа на Исланд и ќе игра за ИБВ, објави исландскиот клуб.

По 12 години минати како интернационалец, поранешниот шведски репрезентативец Јонатан Стајнбакен се враќа во матичниот клуб.  Тој во моментов е играч на данскиот Скјерн, а од лето ќе биде на шведскиот Савехоф.  

Мелзунген си најде добра продавница за играчи во Хановер. Откако убаво си мина откако ги купи своевремено Каи Хафнер и Тимо Кастенинг за кои плати дебела отштета, сега фрли око кон хрватскиот десен бек Иван Мартиновиќ.
Информацијата не е официјално потврдена. 

Информација што не е трансфер, а заслужува внимание е повредата на шведскиот пивот Андерс Закаријасен, играч што минатата недела го видовме на дуел во Битола во дресот на ГОГ. 
Страдаа лигаментите на коленото на шведскиот ас и за него сезоната, а најверојатно ОИ Токио се завршена приказна. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk