Келце за Додиќ: Далеку сме до договор

Топ тема денеска стана трансферот на Стефан Додиќ, врањанецот кој израсна во „Автокоманда“, од Металург во Келце. Интересен трансфер, наводно со веќе потпишан договор на три години, но... 



Иако приказната за основецот што секој ден патуваше со својот брат од Врање до Автокоманда за да тренира со Металург е одамна а позната на овие простори, Стефан Додиќ се проби низ европските наслови со промотивен текст на официјалната странциа на ЕХФ за најмладите таленти во Европа. Комбинирано со настапот за репрезентацијата на Србија на дуелите со Франција, а потоа и со можноста да биде трампан во Вардар во замена за Талески и доплата или плус уште еден играч. Ништо од тоа, преодниот рок е завршен, тој останува во Металург, Талески во Вардар... Барем до јуни, а потоа, ќе видиме. 

Но, денеска излезе информација за трансфер на Стефан Додиќ во Келце. Интересна приказна во која, сепак, недостасуваат неколку детали за да биде комплетна, како на пример согласност од Металург доколку се работи за трансфер на крајот на оваа сезона. 
Од Металург не информираа дека Стефан Додиќ има договор со клубот до јуни 2022 година и дека за ослободување од обврските ќе треба да се плати. Нема одредено цена за неговата предвремена слобода, затоа што Келце засега не контактирал со Металург. 
И Келце, односно нивниот претседател Бертус Сервас, за Ехо Дниа, изјави дека контакт имало само со неговиот менаџер, но демантираше дека е потпишан договор со српскиот играч.

„Имавме контакт со неговиот менаџер, но толку. Ништо специфично. Дури не сум зборувал ниту со Талант Душебаев за него“, изјави Сервас. 

Келце во моментов има четири централни бека. Игор Карачиќ, Даниел Душебаев, Михал Олејничак и повредениот Хаукур Трастарсон. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk