Иако веќе се пласирани во елиминациите на Европската лига, не е сеедно за битолчани како ќе заврши следниот меч, гостувањето кај Кадетен.
Победа или реми на гостувањето кај Кадетен во Шафхаузен ги носат во Битола екипите на Монпеље или ЦСКА Москва, пораз - Магдебург.
Изборот и не е некој.
Би било убаво следниот противник на Е. Пелистер да не биде Магдебург. Тоа значи Е. Пелистер да ја продолжи серијата и од Швајцарија да се врати со два бода.
Тоа не е лесна задача, особено што Жељко Бабиќ нема да може да смета на сите играчи. Иако и Чаневски има одлична сезона, Хендави се покажа како врвно засилување, но тој нема да биде со тимот во Швајцарија. За Египќанецот проблем е влезна виза за Швајцарија, па остана во Битола.
Поради повреда во тимот ги нема и Кукуловски, Кушан, Вегар, Маџовски и Кузманоски.