Битолчани годинава добро ги погодија засилувањата. Сега ја верификуваа својата одлука со нов договор со бекот од Хрватска.
Матео Мараш е откритието на сезоната што се однесува до Е. Пелистер. Хрватскиот бек како позајмен играч настапуваше за Е. Пелистер досега, но битолчани го решија неговиот статус и сега со комплетни документи и во следните две години ќе го имаат во својот ростер.
Битолчани денеска официјализираа дека потпишале нов двегодишен договор со Хрватот и сега управат може да земе слободен ден и да уживаа во добро и навреме сработената задача.