Женската репрезентација на Кина се откажа од учеството во квалификациите за ОИ Токио,
Ризикот од Ковид помножен со шансите да се пласираат на ОИ беше премногу за женската репрезентација на Кина и тие се повлекоа од настапот на турнирот за пласман на ОИ.
Кина беше во групата со Русија, Србија и Унгаија и нивните шанси да стигнат до второто место, во пракса не постоеја.
Свесни за тоа, но и како доказ каков третман има ракометот во најбројната земја, Кинзите решија да се повлечат и да останат дома. Нема да има замена, турнирот ќе се игра со три репрезентации.