ИХФ го суспендираше претседателот на египетската федерација

Дисциплинската комисија на ИХФ го суспендираше претседателот на Ракометната федерација на Египет.



Хишем Насер, претседателот на Ракометната федерација на Египет е суспендиран од страна на Дисциплинската комисија на ИХФ. 
Насер не ги почитувал Ковид мерките за време на мундијалот што во јануари се одржа во Египет и во неколку наврати го напуштал балонот и имал контакти и средби надвор од дозволените граници на движење. 

ИХФ бил свесен за однесувањето на Хишем Насер, но не преземал никакви мерки за време на турнирот за да избегне поголем скандал со оглед на тоа дексе  работи за првиот човек задолжен за организацијата на првенството. 

Но, сега откако мундијалот е завршен, реши да го казни непослушниот, а како попратен ефект и потврдува дека во Египет не биле работите поставени на такво ниво какво што се најавуваше пред мундијалот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk