Вардар на чекор до меч со Веспрем

Коцките се склопуваат на начин што ќе го одведе Вардар на мегдан со Веспрем во 1/8 финалето на Лигата на шампионите.



Веќе е згодно време Стевче Алушовски да почне да гледа снимки од дуелите на Веспрем и да ја спрема полека екипата за незгодните елиминации со шампионот на Унгарија. 

ТАБЕЛА:
1. Келце 19 бода
2. Флензбург 17 (очекува сл.победа над Сегед)
3. ПСЖ  15
4. Пик Сегед 12 (сл. пораз од Флензбург)
5. Мешков Брест 11 (сл. победа над Порто)
6. Порто 10 (сл.пораз од Мешков)
7. Вардар 9
8. Елверум 5

Последно коло:
Вардар - Мешков
Порто - Елверум
ПСЖ - Елверум
ПСЖ - Пик Сегед
Келце - Флензбург


Порто и Елверум својот натпревар што требаше да го играат во Норвешка, ќе го играат во Порто, на 4 март. Порто не се откажал од доигрување на натпреварите во ЛШ, тоа никаг и не било опција за нив, иако извесно неодиграниот меч со Мешков Брест ќе го чини службен пораз. 

Но, Елверум ќе оди во Португалија, а тоа е лошата вест за Вардар. Ако Порто победи или одигра нерешено на првиот натпревар по смртта на Алфредо Кинтана, средба која сигурно ќе биде емотивна и посветена на голманот, тогаш ќе стане недостижен за Вардар на табелата. 
Елверум победи во првото коло во Португалија и тоа на оваа анализа и дава и шанса приказната да заврши поинаку. Ако Норвежаните победат во Порто, тогаш Вардар со победа над Мешков би избил на шестото место и за противник бо го добил Кил. 

Истото важи и за Мешков Брест, тој би станал недостижен доколку ги добие бодовите од мечот со Порто што не се одигра заради Кинтана. 

Така Вардар и со евентуална победа над Мешков во Скопје ќе има максимум 11 бода што ќе биде доволно само за седмото место, а тоа во елиминациите го носи Веспрем. 

Постои и сосема поинакво сценарио, а тоа е Вардар да го совлада Мешков со повеќе од два гола разлика, Мешков Брест да не добие ни бод од откажаниот меч со Порто, а Елверум да победи во Португалија. Така Вардар би стигнал на петтото место и за противник би го добил Алборг. 

ГРУПА 2
1. Барса  26 бода
2. Веспрем 19
3. Алборг  14
4. Мотор 14
5. Кил 12
6. Нант 11
7. Целје  6
8. ППД Загреб  0 бодови

ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ:
Кил - Целје
Кил - ППД Загреб
Барса - Мотор
Веспрем - Нант
Алборг - Целје

*Кил има подобар меѓусебен скор со Алборг и со Мотор
*Алборг има подобар скор од дуелите со Мотор
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk