Виена хорор-хале

Од Виена за g-sport.mk - Ричи Ѓамовски



Симпатичниот далечен роднина на Каспер (фото), беше добредојден, но не е вистинската инспирација за насловот на овојт текст, Објектот во кој вечерв ќе играат Металург и Фајверс има други хорор елементи, особено ако сте новинар дојден да си ја заврши работата. 

Комплетната слика за оваа саличка во која ќе се игра мечот од Европската лига е надвор од широкото множество на сали кои би требало да добијат дозвола за европски натпревар, макар се работело и за ковид сезона во која нема гледачи. 
Од самиот влез односно од на улица паркираните автомобили, до теренот може да се стигне со помалку од 10 чекори, а и самата сала е во некаков подрум на поголем објект, веројатно станбен и деловен во исто време. Нема никакви услови за медиуми ште е критериум во ЕХФ,, а под тоа подразбираме маса, интернет и приклучок за струја. Односно трите работи можат да се комбинираат, ама не може сите три одеднаш. 
Да додадеме дека техничкиот состанок се одржа во ходникот на салата, со списоците и лап топите на гимнастичка справа место на маса... 

Кога ќе собереме тоа што овде го гледаме со да кажеме условите што Металург ги нуди во Борис Трајковски, споредба меѓу двата клуба не може да направи.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk