Службени бодови за македонските тимови

ЕХФ ги информираше клубовите дека наскоро ќе биде донесена одлуката како да се поделат бодовите од натпреварите што досега не се одиграа. 



ЕХФ ја прифати реалноста дека нема да може да ги организира сите натпревари од Европската лига, вклучително и натпреварите од Лигата на шампионите. 
Виена е задоволна што од рестартот на натпреварувањата по СП; нема ниту еден меч откажано поради позитивни случаи на Ковид, но многу од нив се откажани поради рестрикциите што дел од државите ги имаат воведено за заштита од подмолниот вирус. Ќе се направат напори да се одигра се што може да се одигра, но јасно е дека оваа мисија нема да биде комплетен успех.

ЕХФ објави дека одлуката за неодиграните натпревари ќе биде соопштена на 26 февруари. Како и во женските купови, ќе се разгледаат причините поради кои натпреварите биле одложени и соодветно на тоа ќе бидат доделени бодовите на едната или другата екипа. 

Македонските екипи би требало да добијат службени бодови со оглед на тоа дека до 26 февруари, односно до 2 март кога мора да биде завршена групната фаза, нема да може да се одигра ниту еден натпревар. 
Металург нема одиграно натпревар со Тулуз по вина на Французите, Е. Пелистер нема меч со РНЛ по вина на Германците. Вардар има исто така неодиграни натпревари, два со ПСЖ и еден со Флензбург. Очекуваме најмалку четири службени бодови за црвено-црните. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk