Данска со сите ѕвезди против Македонија

Николај Јакобсен не само што нема да му го олесни селекторското деби на Кирил Лазаров, туку ќе му го направи двојно потешко. 



Првиот натпревар на старо-новиот светски шампион по одбраната на круната ќе биде во Скопје. Данска во март доаѓа на квалификациски двомеч со Македонија за пласман на ЕП 2022. 

Средбата особено во Скопје ќе ја одбележи селекторското деби на Кирил Лазаров, но на терен, неговиот колега Николај Јакобсен нема да му ја олесни работата. 

Напротив, во олимписка година секоја шанса да се игра со најсилен состав се користи, па така Данците во Скопје ќе дојдат со тим што е посилен од тој што го освои СП. 

Три замени има за дуелите со Македонија. Во составот ги нема Мортен Олсен (бек-, Андерс Закаријасен (пивот) и Ласе Сван (крило). 
Нови играчи се Рене Тофт Хансен пикерот на ПСЖ, потоа Ласе Мелер, бекот на Флензбург и добро познатиот крвник од ЕП 2012 - Ханс Линдберг. 
Единствениот што им недостига за да стигнат до ултимативно најсилниот состав што го имаат е повредениот Расмус Лауге. 

Микел Хансен, Мад Менска Ларсен, Никлас Ландин... се повикани и ќе и видиме во Скопје. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk