ИХФ ги откажа јуниорските првенства

Нема да се играат младинските мундијали годинава. ИХФ се пофали дека може да организира првенство сред корона (Египет), па на истиот состанок ги откажа јуниорските првенства.



Светската ракометна организација донесе одлука Светското јуниорско (У21) и Светското кадетско (У19) во машка конкуренција што требаше да се одржат летово во Унгарија и Грција да бидат откажани. 

Откажани се и женското Јуниорско (У20) и Kадетско (У18) што требапше летово да се играат во Романија, односно Хрватска. 
Нема да се игра ниту ракомет на плажа.

Останува засега непроменето Женското светско сениорско првенство што треба да се игра во Шпанија во декември.

Овие одлуки би можеле да влијаат на тоа и ЕХФ да откаже некои од ЕХФ Шампионите, особено јуниорскиот (Македонија е учесник) затоа што нема да бидат квалификациски за СП. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk