ТАРАБОКИЈА: Повеќе желба и борба и се е поинаку

Од Виена за g-sport.mk - Ричи Ѓамовски

Разликата од лошите дуели со Висла до мечот со Ч. медведи на кои се понадевавме и за добар резултат на Металург беше  - Марко Тарабокија. 
Во отсуство на Хорват кој нема да игра ниту против Австријците, Тарабокија ќе биде главиот играч и Х фактор на страната на Металург. 




„Во принцип знаеме ќе биде тешко. Видовме како беше во Скопје, одигравме нерешено, а тогаш бевме и комплетни. Но, сега одиме за Виена, можам да кажам дека не бевме комплетни многу време. Што корона, репрезентација, па некои позитивни некои не, едвај да одработевме неколку тренинзи комплетни. Но, еве покажавме против Ч. Медведи дека со повеќе волја и желба и борбеност дека можеме да се носиме со сите. Многу играчи, јас меѓу нив се најдовме во ситуација да играме и напад и одбрана, што можеби никогаш и не сме го играле. Но, за сите особено за младите ова е големо искуство. А натпреварот ќе покаже што ќе биде.
Јас сум супер, излегов од изолација, се договорив со тренерот ако не се чувствувам добро да излезам, но засега е се добро. Јас и додека бев во изолација се обидов да тренирам, сам, така што засега е добро“, вели Тарабокија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk