Митиќ: Се трудам секој меч да бидам подобар од претходниот

Од Виена за g-sport.mk - Ричи Ѓамовски

Ако треба да издвоиме една добра вест за Металург во Ковид сезоната, нема многу да мислиме. Ќе кажеме - Андреј Митиќ.
Овој 20 годишен пивот, на почетокот на сезоната беше желба на неколку македонски суперлигаши, главно го бараа како позјамица со оглед на тоа дека првите две позиции на линијата беа резервирани за Канкараш и Лазаревски. 
Но, Металург се преброи со странски и домашни играчи, со искалкулира бројот на дозволени странци и реши да му даде шанса на Митиќ во својот тим. И сега една по друга, работите доведоа до моментот Митиќ да го напишеме како откровение на сезоната. 



На натпреварот со Чеховски медведи во Чехов прв пат доби 60 минутна шанса и шутна 12 пати кон голот на Русите и постигна 5 гола. Треба, сериозно да се прекопа по архивите за да се види кој македонски пивот и кога последен на европски натпревар или на кој било натпревар шутнал 12 пати кон гол. Потоа следеа дуелите со Висла на кои постигна 3 и 4 гола и одново со Ч. Медведи постигна 7. Но, овој пат 7/7. 

Тие епизоди се завршени, АОН Фајвер се на ред. Митиќ е умерен во оптимизмот и ја цени шансата што ја добива.

„Одигравме нерешено, а ова е добра шанса за нас младите, за сите за прва победа. Не сме комплетни, но се надевам дека ќе пружиме добра игра. И на мечот со Ч. Медведи во Скопје одигравме добро, но поради некои наши грешки во финишот го загубивме така натпреварот. Што се однесува до мене, јас сум благодарен на Металург и тренерот Димитриоски за шансата што ја добив. Мое е на секој натпревар да го давам максумумот, да се надоградувам и да бидат подобар од натпревар во натпревар. Засега сум задоволен, но целта е да напредувам, а ова е голема шанса и за мене и за другите и за тоа„, вели Митиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk