Квинтана доживеа срцев удар

Алфредо Квинтана, колегата на Никола Митревски, на голманската позиција во Порто, доживеал срцев удар за време на тренинг. 



Алфредо Квинтана, натурализираниот Португалец со потекло од Куба, голман на екипата на Порто и соиграч на нашиот репрезентативец Никола Митревски, денеска доживеал срцев удар за време на тренингот на тимот. 

На Квинтана му се слошило за време на тренингот, веднаш било интервенирано и штом бил стабилизиран бил пренесен во болница каде што е ќе остане колку што ќе биде потребно. 

Неговата состојба во моментов е стабилна, потврди Порот на својот официјален профил. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk