МОМИР РНИЌ: Ако не сме комплетни, ќе се бориме за победа

Метлург попладнево пристигна во Виена, играчите вечерва се слободни, нема да тренираат, а утре им почнува првиот дел од финалната битка, по која иако е малку тешко за верување, би можеле и до елиминациите. Противник е АОН Фајверс, екипа која уште од извлекувањето беше етикетирана како место каде можат да се земат бодови. 
Во Скопје беше нерешно, сега е редот на Виена...



Момир Рниќ верува дека и покрај сите проблеми, Металург утре може да дојде до позитивен резултат, иако тоа ќе биде многу тешко. 

Фајверс е добра екипа, многу трчаат, но мислам дека имаме шанса со нив да се избориме за добар резултат. Дома со нив одигравме нерешено, а сега по се што се случи ни се вратија неколку играчи, имаме и подобра ротација. Ќе биде тежок натпревар, тоа е сигурно, но имаме шанса да дојдеме до позитивен резултат.
Од друга страна пак, се уште не сме комплетни. Отсуството на секој играч ни се одразува на играта. Ни недостасува Златко Хорват, Милан Лазаревски, но ние и без нив ќе дадеме се од себе за да направиме добар резултат.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk