Металург во Виена по прва победа

Металург го почна новото патешествите, последно (засега) надвор од границите во рамките на Европската лига.



Македонскиот тим е на пат за Виена каде што во вторник против домашниот Фајверс ќе се обиде да стигне до првата победа и да ги задржи шансите за пласман во елиминациите, со оглед на тоа дека би требало да добие и службни бодови од дуелот со Тулуз.

За жал и на овој меч нема да биде комлетен Металург. Во автобусот што ја донесе екипата прво до Белград каде што вчера преноќи, ги немеше хрватското крило Златко Хорват, пикерот Милан Лазаревски, главниот дефанзивец Велко Маркоски и и бекот Теодор Тодески.
Одново со скратен ростер, со 13 ракометари ќе настапи Металург, но играта против Ч. Медведи во Скопје дава надеж дека во Виена во најмала рака ќе гледаме неизвесен натпревар.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk