Трагична вест ја тресе ракометната јавност во Европа. Златко Сарачевиќ (59), легендарниот хрватски десен бек почина вечерва по натпреварот меѓу Локомотва и неговата Подравка.
Неговата Подравка ја совлада Локомотива во големото дерби, а потоа Сарачевиќ дал изјава за новинарите во која ја пофалил својата екипа и кажал дека притисокот бил огромен и дека е многу горд на нив.... тоа се неговите последни зборови за јавност, неколку минути подоцна му се слошило, бил однесен во болница од каде стигна и страшната вест.