Џамбо го пречека Металург

Познато лице ги дочека во Белград ракометарите на Металург. Страхиња Милиќ Џамбо, поранешниот голман на Вардар се сретна со старите другари од Скопје. 



Страхиња Милиќ Џамбо вчерва ги пречека ракометарите на Металург, меѓу кои има и поранешни соиграчи од Вардар од времето кога српскиот голман стоеше на голот на црвено-црните. 
Срдечни прегратки, поздрави пред временски ограничената дружба...

Џамбо е голман на Партизан, но тешко дека повторно ќе гради ракометна кариера. 

„Не верувам дека ќе продолжам со ракомет“, спремно го дочека прашањето за неговата натамошна кариера. „Во моментов сум во фирма во која имам доста одговорности, наскоро ќе отворам и ресторан во Белград планирам со тоа да се занимавам. Во моментов сум во Партизан, повеќе како тренер на голмани и да влетам кога ќе згусти на 10-15 минути, колку што ќе можам и треба. Не велам дека нема никогаш да се занимавам со ракомет, но во следниот период имам малку поинакви планови„, вели Милиќ. 

Страхиња Милиќ екс голман на Кил, Силкеборг и Партизан беше голман на Вардар од 2012 до 2018 и беше дел од шампионската екипа, онаа што ја донесе првата титула европски првак во Скопје. Потоа имаше двегодишна пауза, пред сезонава да го видиме одново на терен во дресот на Партизан. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk