Вардар и Елверум делеа бодови во Скопје

ВАРДАР - ЕЛВЕРУМ  34-34 (20-21)



Вардар и Елверум ги поделија бодовите од натпреварот на кој и двата тима имаа свои моменти. Гостите водеа долго време, но Вардар имаше капитална разлика во последните 10 минути. 

Без Ловро Јотиќ во тимот, а благодарение во прв ред на голманот Кизиќ, Вардар стигна до 29-25 во 50 минута од натпреварот. Но, не успеа да ја задржи предноста македонскиот тим. 
Елверум си ја играше својата игра и успеа да стигне до пенал при 33-34. Но, го промаши целиот гол Грандал, а потоа Стоилов имаше шанса да го реши победникот. Не успеа, одбрани голманот Фрис и во последниот напад Норвежаните израмнија 34-34 што беше и конечен резултат. 

Нема многу по што да жали Вардар и така сите екипи се пласирани во 1/8 финалето, а вкрстувањето е непредвидливо со оглед на многу бодови што ќе се делат на маса. 
Шанса за реванш ќе има Вардар, во среда одново со истиот противник игра во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk