Дибиров: Победа е лек за самодоверба

Вардар денеска на домашен терен ќе ја пречека екипата на Елверум, на првиот од двата меча од ЛШ. Двата натпревари ќе се играат во Скопје, што на македонскиот состав му ја отвора вратата кон освојување на важни бодови кои во комбинација со службените што се во исчекување ќе го однесат речиси до врвот на табелата. 



Пред натпреварот, Тимур Дибиров ги кажа своите очекувања:

„Сакам да кажем дека без разлика на поразите и негативната серија што ја имаме од три меча без победа, се гледа дека напредуваме во играта. Многу напредувавме од претходните натпревари. Нашите амбиции растат, но од друга страна имаме притисок дека мора да освојуваме бодови. Доаѓаат натпревари во кои планираме победи. Елверум е различен од другите. Играат интензивен, физички и брз ракомет, па останува да видиме како ќе се справиме со нив. Мора да влеземе во добра серија. Ништо не ја крева самодовербата како е од победа“, вели крилото.“.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk