Максимов во елемент: Не преведувајте, знам македонски

Практиката на ЕХФ/ИХФ за заеднички прес конференции на клубовите и репрезентациите ги претвори прес конференциите во куртоазно подравување и честитање на противникот до таа мерка, што, новинарите во принцип едвај чекаат да заврши формалното честитање, климање со глава и едни те исти изјави за да можат потоа, настрана да си прашаат што ги интересира... 



Владимир Максимов денеска беше особено добро расположен, па реши на прес конференцијата да си го тестира и смисолот за хумор. 

„Не ми преведувајте, јас добро разбирам македонски“, изјави некогашниот руски селектор кога преведувачот почна на руски да ја преведува изјавата на тренерот на Металург, Оливер Димитриоски. 

Во меѓувреме тренерот на македонскиот тим даваше свое видување на мечот
„ Се виде дека ни недостасуваат и другите играчи. Во напад одигравме подобро отколку на првиот меч со нив, но за одбрана, ни недостасуваа играчи. Ако сакаме подобра игра, ќе ни требаат повеќе играчи во ростерот“, изјави Димитриоски. 

На ова, се надоврза Максимов:
„Тоа што вашиот тренер сакаше да го каже е дека следната година ќе имаме поголем буџет, повеќе играчи и ќе имаме подобри резултати“, дополни Русинот. 

Неговите пет минути завршија со коментар дека преведувачот треба да ја носи маската додека зборува... 




.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk