10 трансфери: Војводиќ, Житњиков...

Микел Хансен, Мадс Менса Ларсен, Јеспер Нилсен и Макс Дарј во Алборг се квартетот на трансфери што годинава нема да биде побиен. Но, не работи за Алборг и другите клубови не се со скрстени раце.
Издвоивме уште 10 трансфери што се вредни за вашето внимание. 



10. Вардар минатата година беше поврзуван во трансфер приказна со Симон Шонингсен, играчот на Елверум. Не се реализираше тогаш, нема ни да се реализира, барем не во блиска иднина. Шонингсен потпиша за Бергишер од Германија. 

9. Себастијан Аугустенсен, данскиот ракометар на Нант е еден од многумината што ја напуштаат екипата на Кирил Лазаров. Данецот од соиграч на Лазаров, станува соиграч на Пешевски, ќе се игра за Штутгарт следната сезона. 

8. Го паметите ли Јања Војводиќ? Поранешен играч на Металург, а подоцна и сопственик на два шампионски пехари од ЛШ со Вардар. Тој следната година ќе игра во Дубочица. 

7.  Тибор Иванишевиќ, голманот на Вецлар потврди дека заминува и од следната сезона ќе биде под команда на Гудјон Валур Сигурдсон во Гумерзбах. 

6. Швеѓанецот Филип Стелман се разделува од полскиот вице-првак Висла Плоцк. Се враќа во Шведска, но нема објавено во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. 

5. Шпанскиот плејмејкер Алваро Руиз си оди во Висла Плоцк и се враќа во Шпанија. Бенидорм е неговата нова средина.

4. Француската легенда Самуел Онрубиа ја напушта екипата на Екс Прованс и ќе продолжи во Истр.

3. Адриа Фигуерас си оди од Нант и се приклучува кој се поинтересниот проект и некогашен освојувач на Струга, Шарт. 

2. Димитри Житњиков, центарот на ПИК Сегед по четири години одново ќе игра во Полска, во истиот клуб - Висла Плоцк.

1. Алборг не запре на споменатиот квартет. Нивни нов играч би требало да стане Кристијан Бјорнсен, десното крило на Вецлар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk