Два дена, два ангжамана: Обрван место Шола во ППД Загреб

Кога нема - нема, ама кога има - тогаш навистина има. Вака во една реченица би можел некој (на пример Ивица Обрван) да ја опише последнава недела на бизнис план. 



Поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, пред два дена стана селектор на БИХ заменувајќи го Билал Шуман кој остана заглавен во РИНК конвенцијата и се уште нема соодветна диплома за да води репрезентација спред критериумите на ЕХФ. 

Денеска, односно, два дена по тој ангажман, тренерот што остави многу позитивни впечатоци во Македонија, Ивица Обрван доби нов ангажман. Од вечерва е тренер на ППД Загреб, позиција на која требаше да се најде уште пред 4 месеци, но тогаш Владо Шола ја доби довербата на управата на ППД Загреб. 

Владо Шола се повлече од ППД Загреб. Двата последни натпревари на овој клуб во ЛШ беа вистинска катастрофа. Шола по фијаското со Алборг, реши да се повлече и да спаси од образот колку што може да се спаси. 
Нов капетан на загрепскиот „Титаник“ е Ивица Обрван. Со скор од 0-11 во ЛШ и без шанса да го избегне фенерот, Обрван веројатно сите сили ќе ги насочи кон дуелите со Нексе во првенството. Годинава, прв пат по многу години, односно по фамозните пресметки со Метковиќ каде заслужено загуби, а незаслужено си ја додели титулата, ППД Загреб е ранлив. 
Во ЛШ, иако се пласираше во 1/8 финалето, таму ќе налета на Келце на „Талант и синовите“ и шансите да ги елиминира се запишани и складирани на рафтот „фантастика“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk