Потпиша Микел Хансен, но не е само тој!

Алборг прави дрим тим налик на некогашниот АГ Копенхаген. Јасно, проектот почнува со потпис на договорот на Микел Хансен. Но, не е само тој...



Микел Хансен е првата и најголемата ѕвезда што доаѓа во редовите на Алборг во 2022 година. Не минаа ни неколку часа откако ТВ2 соопшти непотврдено дека Микел Хансен се враќа во Данска, стигна и официјалната потврда. 
Еден од најдобрите играчи на денешницата се враќа во својата земја да ја  доигра кариерата и да го крене нивото на клупскиот ракомет. 

Но, не е само Микел Хансен. 

Од непотврдени извори се дознава дека Алборг преговара и со Мадс Менса Ларсен, во моментов играч на Флензбург и соиграч на Хансен од репрезентацијата. 

Две засилувања би требало да дојдат од Шведска. Тоа се Јеспер Нилсен и Макс Дарј, двата пивота на репрезентацијата на Шведска. 

И веројатно тоа нема да биде се. Следниве денови, очекувамемногу повеќе детали околу плановите проектот АГ Копенхаген да се реинкарнира во Алборг и да ги собере сите скандинавски ѕвезди на едно место. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk