Микел Хансен си оди од ПСЖ!

Данската ТВ2 денеска објави ракометна сензација.



Данската ТВ 2 спорт денеска објави ракометна трансфер бомба. Микел Хансен во 2022 кога ќе му истече договорот со ПСЖ се враќа во Данска. 

Неговиот нов клуб би требало да биде Алборг со кого наводно веќе постигнал договор на три години. Информацијата не е официјално потврдена нити од Микел Хансен нити пак од Алборг. Но, ТВ2 досега се покажала како релевантен избор на информации. 
Во прилог на ова оди и фактот дека Микел Хансен во 2022 како играч или воопшто како физичко лице кое 10 години било во странство, по враќањето во Данска би имал даночни олеснувања. 

Микел Хансен сега има уште две шанси да стане европски шампион, по прв пат во својата кариера. Тоа несомнено е полесно да го оствари со ПСЖ отколку што би го сторил со Алборг. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk