Кирил Лазаров на трансфер листа

Најавите дека Кирил Лазаров и Рок Фелио заминуваат од Нант на крајот на сезоната денеска добија и поформална верзија откако двајцата ракометари се најдоа на трансфер листата што се објавува во Франција. 



Трансферот за кој веќе пишувавме, доаѓањето на шведскиот десен бек Линус Персон од Иври во Нант исто така е објавен, па неофицијално можеме да заклучиме дека новиот селектор на Македонија, Кирил Лазаров, доколку реши да игра уште една сезона, дека тоа нема да биде во Нант. 
Но, не би исклучиле никаква можност, а па и и таа да остане во овој француски клуб. Не ја исклучуваме и да почнат да пристигнуваат понуди и од други клубови кои би нашле начин како да го искористат најдобриот стрелец во историјата на ЛШ во својата последна сезона. 

Доста брзо се движат работите за Кирил Лазаров во периодов, иако според неговите најави подолго време се подготвува за можноста да ја заврши, но и да ја продолжи кариерата. Не би се изненадиле, односно, потајно и навиваме за можноста да игра уште една сезона, тоа значи дека би бил со двојна улога на терен и на следното ЕП (на кое прво треба да се пласираме). 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk