Марко Вујин си замина од Вардар

Најзвучното ново име од редовите на Вардар, српскиот интернационалец Марко Вујин, ја напуштил екипата и си заминал од клубот. 



Марко Вујин на синоќешниот тренинг се поздравил со соиграчите и си заминал од клубот. Од клубот потврдија дека е точно, но кои причини, нема информација. Тоа сега е и помалку важно со оглед на тоа дека екипата веќе замина без него на дуелот со ПИК Сегед. 

Марко Вујин како најзвучно засилување дојде во Скопје на почетокот на сезоната, иако имаше многу предвесници дека ова, сепак, не е истиот играч што стекна светска слава играјќи за Кил. 
Тој во Скопје дојде од Португалија, каде мина една сезона во која разбирливо по сите проблеми што ги имаше не блескаше. Не блесна ниту во Скопје, не се наметна како лидер во тимот од надворешната позиција, туку одвреме навреме со по некој проектил ќе потсетеше дека некогаш беше еден од најдобрите десни бекови во светот. 

Приказната е заокружена вчера, Вујин си замина по својот пат и веќе не е дел од Вардар, а црвено-црните продолжуваат без него. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk