По крајот на двобојот меѓу Висла и Металург, завршно обраќање пред медиумите на онлајн прес конференција имаа претставниците на двата тима.
„На нашите играчи им е потребно ова. Да играат против вакви квалитетни противници за да можат да напредуваат. Се надевам дека многу брзо ќе ни се приклучат ракометарите што ни се отсутни од разни причини и дека ќе бидеме подобри на следните натпревари“, изјави крилото на Металург, Милан Поповиќ.
Денеска сум задоволен. Пруживме подобра борба, на играчите им е потребно ова, да минуваат што повеќе време на терен. Се надевам дека следната година ќе бидат поинакви силите и дека ние ќе победиме“, изјави тренерот Димитриоски.