Металург го одработе своето со Висла

ВИСЛА ПЛОЦК - МЕТАЛУРГ   35-20 (16-10)
Ѓоргески, Дупјачанец, Брестовац, Серафимов 8, Поповиќ 4, Калуѓеровиќ 3, Митиќ 4, Додиќ, Петковски, Кофилоски, Рниќ



Металург го загуби и вториот меч од двобојот со Висла Плоцк од групната фаза на Европската лига. Поразот и висок и очекуван, иако во добар дел од натпреварот Металург беше подобар споредено со истата делница од првиот меч, вклучително со тоа имаше и подобар впечаток. 
Но, со само една постава на теренот, беше само прашање на време кога противникот ќе влезе во ритам или серија. 

За волја на вистината Металург имаше 1-6 на почетокот на мечот, исто како на првата средба, но овој пат успеа да изнуди неколку грешки на противникот, Ѓоргески имаше пар интервенции и разликата беше направена исклучиво на сметка на промашени шутеви и еден лош седмерец. 
Но, успеа да застане на нозе македонскиот тим, па во поглем дел полувремето беше 3-4 гола преднот за Висла што со оглед на се и не беше толку лошо за Металург. 

Резултатски првиот, подобриот дел за Металург заврши со резултат 16-10. 

Одново лошо отвори Металург во второто полувреме и по нецели 10 минути веќе беше плус 10 за домашните (22-12). Се создаде летаргија, почна да се јавува деконцентрација предизвикана и од умор и од неможност да се комбинира и тоа отвори простор за многу лесни голови за противникот, па po 45 минути беше плус 15 (28-13). 

Во истата група се играше и мечот меѓу Чеховски медведи и АОН Фајверс, а победник е рускиот тим. Конечниот резултат е 30-25 (19-12). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk