Елверум двапати гостин во Скопје

Поради строгите мерки во битка со Ковид, не беше возможно Вардар и Елверум да ги одиграат натпреварите дома-гости како што налагаат пропозициите на ЕХФ. 



Црвено-црните, денеска информираа дека двата дуела меѓу Вардар и Елверум ќе се играат во Скопје. Првата средба е закажана за 21 февруари во 16:00 часот. Вториот меч ќе се игра на 24 февруари со почеток од 18:45 часот. 
Вардар беше фаворит на хартија на овие два дуела, без оглед на тоа каде ќе би се играле, но со два меча во „Јане Сандански“ шансите да се освојат четири бода станаа многу поголеми. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk