Уште еден голем удар за норвешкиот ракомет во Ковид сезоната.
Следниот пат кога ќе помислите дека Ковид мерките во Макеоднија се строги и штетни за спортот особено во делот на играње без публика, имајте го на ум следново.
- Норвешка се откажа од огранизација на женското сениорско Европско првенство поради мерките на државата за справување со Ковид.
- Неколку норвешки екипи се откажаа од играње во европските купови и беа службено елиминирани поради мерките.
- Шампионот на Норвешка, Елверум, размислува за повлекување од Лигата на шампионите затоа што не може да избегне карантин доколку игра.
- Денеска, Норвешка ја загуби и организацијата на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио. Норвешка во Трондхајм требаше да биде домаќин на Бразил, Чиле и Јужна Кореја, но ИХФ ги информираше дека бара нов организатор на турнирот поради строгите мерки во Норвешка.
Реакцијата на норвешката федерација е „фуриозна“:
- Штета што олимписките квалификации не можеме да ги организираме на домашен терен. Но, нормално, имаме целосно разбирање за ситуацијата каква што е во моментов. Сега сме во исчекување на одлука на ИХФ за тоа каде ќе се игра турнирот. Норвешката ракометна федерација ќе направи што е во нејзина моќ за да помогне да се организира турнирот без оглед на тоа кој ќе ја има одговорноста да биде организатор“, изјави генералниот секретар на норвешката ракометна федерација Ерик Лангеруд.