Тулуз нема да оди во Москва

Францускиот Тулуз е чекор поблиску да загуби два натпревари службено, од кои едниот со екипата на Металург. Денеска е по втор пат е одложено гостувањето во Москва. 



Натпреварот меѓу Тулуз и Ч. Медведи што требаше да се одигра на 23 февруари во подмосковнието Чехов, е одложен на неодредено време. 
Французите не можат да одат во Русија и беа принудени да го одложат ово меч. Затоа, пак, средбата во Тулуз ќе се игра. Таа беше закажана за 12 февруари, а новиот датум е 24 февруари.
Чеховски медведи во Скопје гостуваат на 20 февруари и од Македонија ќе продолжат за Франција. 

Ново одложување и неможноста Французите да патуваат надвор од ЕУ, ќе им донесе службени победи на Ч. Медведи и на Металург, доколку финално не се одиграат средбите, а за тоа шансите се минимални.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk